Во 2003 година, на Кипарската телевизија, семејството на Василиу побара помош:

Малиот Андреас Василиу страдаше од леукемија и итно му требаше трансплатација на коскената срж.

За среќа, се пронајде донатор за трансплатацијата, а семејството замина во САД за најсложена операција.

Но, пред да полетат за САД, семејството слушнало за манастирот Света Марина, на Грчкиот остров Андрос, каде се чува дел од моштите на Светителката Светиот прст.

Василиос го повикал игуменот Кипријан, барајки од него да се моли за нивното страдално дете.

Игуменот Кипријан вети дека ке се помоли за здравјето на Андреас и посака Света Марина заштитничката на децата да му помогне на детето во салата за операции.

Во клиниката, откако ги поминал сите потребни тестови, малиот Андреас, борејки се за неговиот живот, бил пренесен во салата.Неколку минути пред почетокот на операцијата, непозната девојка влезе во канцеларијата на лекарот.

Таа се представи како личен лекар на Андреас и побара да биде присутна на операцијата.

Oд зборовите на младата лекарка, станало очигледно дека таа има совршено медицинско знаење, па Американскиот хирург ја поканил во салата.

Лекарката не само што присуствуваше на операцијата, туку зеде активно учество во неа, кажувајки им другите што треба да направат во моментот.

Операцијата заврши успешно, хирургот и заблагодари на колешката и ја напушти салата.

Родителите на Андрес побрзале да дознаат како поминала операцијата.

Се е добро одговори хирургот, но не можам да разберам една работа: имате толку одличен личен лекар,зошто дојдовте кај мене?

Збунетите родители, не разбирајки ништо, го уверуваа дека немаат личен лекар, но американскиот лекар им кажа дека целиот персонал ја видел личната лекарка на Андреас.

Тие се обидоа да ја најдат таинствената лекарка, но таа исчезна, така што никој не ја забележа.

Василиу сфати дека молитвата на игумен Кипријан стана реалност, а таинствената лекарка беше Света Маченичка Марина.

И, навистина, девојката која дојде во канцеларијата кај американскиот лекар се представи како Марина Андроскаја!

Андреас Василиу, сега е млад човек, секоја година со своите родители доаѓа на островот Андрос, за да се заблагодари на Света Маченица Марина и да го слави Бога, чудесен во Неговите Светители.

pravoslavie.ru

Преземено од фб. на