ЖИВОТОТ НА ЕГОТО (извадок)

„Кога смирениот човек ќе се соочи со неправда, тој не реагира внатрешно;тој ќе види дека тоа е неправда, но без да негодува.

Кога човекот со его се соочува со сличен вид неправда, тој веднаш ќе изреагира со негодување.

И во двата случаи оваа реакција првично се јавува без никакво учество на мислата.

Кога негодувањето ќе премине во мисла, тоа се претвора во осудување.

Ако еден човек потсвесно е исполнет со желбата да се наметнува и да влегува во улогата на Бог, во својата свест тој привлекува секакви помисли, преку кои може да си ја потхранува желбата, да ѝ се насладува, а зошто не и да си ја исполнува:

помисли за поголема опрелестеност и привлечност, различни  расудувања за нештата, мисли од чувствен и материјалистички карактер итн.

Ако продолжат да се залажуваат со слични мисли, тогаш кон нив се прилепуваат емоциите.

“Емоција” во својата буквална смисла значи „се одделувам, се оддалечувам”; преку неа човекот се одделува од суштинската своја природа, се оддалечува од својот дух.

Штом еднаш емоциите се прилепат кон мислите, тие почнуваат да возбудуваат бесконечен поток од мисли.

Човекот целиот тоне во своите мисли и чувства, како во некоја виртуелна реалност, без да е свесен дека му е дадена моќта да се оттргне од нив.

Мислите му добиваат натрапнички карактер, бидејќи се водени од премногу силната комбинација помеѓу помислата, желбата и емоцијата – комбинација наречена “страст”.

Тоа е животот на егото. Единствено страстите го водат човечкиот дух и така човекот сè повеќе и повеќе се оддалечува од својот Творец.

Од “Христос вечното Дао” превод од англиски Ангела Лазарова

Јеромонах Дамаскин (Христенсен)

Преведено од бугарски: Мина Даниловска

Повеќе: