КАКО ТРЕБА ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ СТРАСТИТЕ И ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМА ЗА ДОБРОДЕТЕЛТА ДА НИ СТАНЕ НАВИКА од НЕВИДЛИВА БОРБА од Свети Никодим Агиорит

+++

Секогаш кога ќе се бориш дали да се поведеш од твојата во плот, страсна волја или за волјата Божја, постапи вака:

1. Штом ќе почувствуваш дека во тебе се буди плотската и страстна волја, веднаш спротивстави и се, не се поведувај по неа ни најмалку, угуши ја и отфрли ја од себе.

2. За да успееш во тоа, замрази ја веднаш како непријател кој што сака да ти ја погуби душата.

3. Но, не заборавај никако притоа да го повикаш на помош Господа и да измолиш да ти даде сила за тоа, зашто без Него, неможеш ништо да постигнеш.

Овие три чекори ке ти помогнат да ја победиш желбата на страстите.

Но тоа е се` уште само одбивање на непријателот. Ако сакаш потполно да го уништиш, направи нешто што е сосема спротивно од она на што те насочуваше страсната желба и ако е тоа возможно, заповедај си себе си тоа да го правиш секогаш.

Ова последното, најпосле сосема ке те избави на повторната појава на искушение од овој вид.

Да го објасниме ова со пример.

Да претпоставиме дека некој со било што те ожалостил, дека те онерасположил, си се раздразил и си посакал да му се осветиш.

Внимавај добро и побрзај да сфатиш дека тоа не те води кон доброто, затоа заземи борбен став и брани се.

1. Засечи го тоа уште во коренот и не и` дозволувај на волјата да застане на таа страна, навидум – исправната (вистинската).

Со други зборови – спротивстави се..

2. Но нерасположението, раздразливоста и желбата за освета се`уште се спремни за напад.

Затоа ЗАМРАЗИ ГИ како непријатели од желба да се сочуваш себе си така што ке успееш искрено да изговориш:

ЈА ЗАМРАЗУВАМ ЛАГАТА И СЕ ГАДАМ ОД НЕА. или: СО ПОЛНА ОМРАЗА ГИ МРАЗАМ НИВ, тие ми се непријатели (Пс 139,22).

Тоа е голем удар за нив и тие ќе се одбијат, ама нема да исчезнат.

3. Потоа во вапај побарај од Господа: Боже, побрзај да ме избавиш, Господе да ми помогнеш (Пс 70, 1)

И не престанувај во вапај се додека не исчезне секоја трага од непријателските напади и додека не завладе мир во душата.

4. Кога така ќе се смириш, на оној што те ожалостил стори му нешто по што тој ќе го увиди твоето добро расположение кон него. Кажи му убав збор, стори му пријателска услуга и на тоа слично.

Тоа ќе биде исполнување на она за што заповеда Светиот цар Давид: Бегај од злото и прави добро (Пс 34, 14).

Кога се постапува така, тогаш добродетелтта на човекот му преминува во навика и служи како оклоп против лошите склоности. А тоа за непријателот е потполн пораз и пропаст.

Се прави со цврста внатрешна одлучност за лошите склоности засекогаш да се оневозможат.

Труди се, исто така, и во другите случаи да произведуваш и да вкоренуваш во себе соодветни чувства и расположенија. Тоа ќе ја изгони страста од срцето и ќе ја замени со спротивни добродетели, што претставува и цел на духовниот жизот.

Ќе ти произнесам општи упатства на светите отци за сите вакви случаи..

Во нашата душа постојат три моќи : мисловна, чувствена и раздразлива.

Кога тие три моќи се повредени од нив се раѓаат три вида на грешни мисли и склоности.

Од мисловната произлегуваат зли мисли на неверување, неблагодарност кон Бог , роптање против Бог, заборавање на Бог, незнаење на божествените вистини, неразумност и грешни мисли од секаков вид.

Од чувствената моќ произлегуваат злите склоности на сластољубие, славољубие, среброљубие во сите нивни многубројни облици, а сето тоа претставува пак, вид на угодување на себе си.

Од раздразливата моќ произлегуваат мислите на гнев, омраза, завист, одмазда, зла радост, злоба и воопшто зли мисли.

Сите тие мисли и склоности мораш да ги победуваш на веќе покажаниот начин, т.е. трудејќи се секогаш да им спротивставиш чувства и расположенија кои им се сосема спротивни:

На неверувањето – тврда вера во Бог,

на роптењето – искрена благодарност кон Бога за се`,

на заборавањето на Бога – непрестајно сеќавање на Бога Кој е секаде и се одржува.

На незнаењето – длабоко созерцување на сите спасоносни христијански вистини,

на неразумноста – јасно разликување на доброто од злото,

на хулните помисли – фалење и славање на Бога,

на сластољубието – пост и воздржување од секој вид.

На славољубињто – смерност и желба да бидеш незнаен,

на среброљубието – задоволство со малку и љубов кон сиромаштвото,

на гневот – кротост,

на омразата – љубов,

на зависта – радување на туѓото добро,

на одмаздата – простување,

на злорадоста – сожалување,

на злобата – незлобливост.

Сето ова ќе го соберам со Свети Максим во неколку зборови:

„Украси ја својата мисловна моќ со непрестајно сеќавање на Бога, преку молитва и познание на Божествените вистини;

чувствената моќ – со одрекување од себе и ослободување од секое угодување на себе си, а раздразливоста, со љубов и биди уверен – светлината на твојот ум никогаш нема да се помрачи и споменатите зли мисли во тебе нема да имаат место“.

Превод Мина Даниловска

 

од книгата НЕВИДЛИВА БОРБА од Свети Никодим Агиорит