Икона 11 век

IПреподобен Јован Лествичник

Сѐ е од Бог: и болеста, и здравјето, и сѐ што е од Бог ни се дава заради наше спасение.

Едно ни праќа Бог за казна, како епитимија,

друго за вразумување, за да се освести човек;

трето за да не избави од неволја во која би паднале кога би биле здрави;

четврто за човек да покаже трпение и co тоа да заслужи поголема награда…

петто за да нѐ очисти од секаква страст, и од други причини…

 

А ти кога ќе се сетиш на гревовите, вели си:

„Слава Тебе, Господи, што ми наложи епитимија како казна!”

Кога ќе се сетиш дека порано не си Го спомнувал Бог секогаш, речи:

„Слава Тебе, Господи, што ми даде повод и поука почесто да си спомнувам за Тебе!”

Кога ќе помислиш дека кога би бил здрав, би направил нешто друго, нешто што не е добро, вели:

„Слава Тебе, Господи, што ме одвраќаш од гревот”, и сѐ така…

Така и радувај се!

За сè благодарете My на Бог; и за болежливоста благодарете. Мене отстрана ми е лесно вака да зборувам; а вам, пак, во суштина сигурно не ви е лесно така да чувствувате…

Секако, при ова слово за трпението се молам Господ да ви даде благодушно да ја поднесете болеста и да научите нешто од неа.

Кој ќе погоди зошто ве приковал Господ?

Но несомнено е дека ова ви е пратено како придонес кон животната цел која самите сте си ја одбрале и заради која се трудите соодветно да се однесувате.

Во минутите кога страдањата ви стануваат потешки, освен во ова што ви го кажувам, храброст за благодушно трпение барајте и во примерот на сите светители, и особено на мачениците. Колку и како трпеле тие?! Тешко е и да се замисли. Зашто, конечно – во Царството Божјо треба да влеземе преку многу маки (Дела 14, 22).

И тоа што е ветено од Господ се нарекува венец.  Заради што?

Затоа што таму не може да се искачиш без сградања. Дотаму патот е еден — крст боолен или неволен.

Ангелот Чувар нека ви дава утеха и радост! За тоа дека шумот во главата не ви дава да ја задржите миспата, не кукајте. Бог и суди на душата според она што од неа самата зависи, а не по тоа за кое не е моќна.

Bo срцето држете ја намерата да не се оддалечите од Господ и Он ќе го прими тоа.

Сега треба да го оставите правилото за пост.

Подоцна ќе постите ако на Бог My биде угодно да ве придигне; а сега, во болесга, како лек може да јадете сè што ќе ви советува лекарот.

Има болести чие исцеление Господ го забранува кога ќе види дека е болесга, а не здравјето, попотребна за спасението.

 

Преподобен Јован Лествичник