MОЛИТВА ЗА РОДЕНДЕН

Ти благодарам, вечни Боже, Создател на секоја Твар и на времето, што ме удостои со Твојата милост да доживеам до овој ден со кој започнува новата година но мојот живот.

Срцето ми е исполнето со синовска кон Тебе за се што си направил за мене, недостојниот.

Во Твоите раце е времето, Ти го даруваш на секое разумно создание по ТВојата голема милост и по Твојата спасоносна ппромисла.

Но јас, Господи и Владико на мојот живот многу често заборавам дека дарот на времето доаѓа од Тебе, за да ја извршувам Твојата волја во сите денови на мојот живот, да ја исполнувам целта што си ми ја поставил како на човек, да дадам плодови на покајание и со страв да се удостојам на спасение.

И овој дар, како и многу други добри дарови, неразумно сум ги упростил (а), предавајќи се на суетни грижи и на задоволства што водат во пропаст, предавајќи се на леност за извршувајќи на доброто, за се она што води кон спасение.

Благодателе мој, Твоето човекољубие е безгранично. Не лишувај ме од твојата преголема добрина, продолжи ги деновите на мојот живот, сочувај ме здрав, моите трудови благословиги со успех, дарувај ми се што е нужно за задоволување на моите потреби, а пред се очистија мојата совест и покрепиго моето срце со вера во Тебе, та да одам по патот на спасението и кога Ќе биде Твојата волја, да преминам од овој привремен живот во вечниот, како наследник на Твоето царство.

Господи Ти си рекол:

„Ако некој не се роди одозгора, неможе на го виде царството Божје “.

На денешниов мој роденден по тело, Спасителе мој, Ти се молам да ги благословиш сите дни што ми останале и да ме удостоиш да бидам придружник кон родените одозгора со Твојот Свет и Божествен Дух.

Амин