Меѓутоа, токму во Христовото претворање на ‘крајот во почеток’ за време на Тајната вечера, на Стариот завет во Нов, ја наоѓаме суштината на тоа што го нарекуваме co бледиот и немоќен збор „востановување”, збор којшто co самиот свој звук не’ повлекува надолу кон јуридичките, чисто институционални редукции.

На Тајната вечера Христос не востановил некаква „власт” или „право” да се претвораат лебот и виното, туку ја востановил Црквата. Го востановил Своето царство назначено за Неговите ученици и за сите „што веруваат во него преку нивните зборови” како престојување во Неговата љубов.

„Нова заповед ви давам, да се љубите еден co друг”.

Оваа заповед е нова, вечно нова, бидејќи таа е Самиот Христос, самата Љубов Божја што ни е дарувана за co Неа да можеме да се љубиме еден co друг. „Како јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден co друг” (Јован 13 34). A тој Нов завет во Христа, заветот на љубовта Божја, е Црквата.

 

 

Меѓутоа, претходно мораме да се задржиме на одговорот на втората редукција што ни го дава самата Евхаристија преку евхаристискиот опит на Црквата, на поистоветувањето на споменувањето на Taјната вечера со споменувањето на Христовото страдање и смртта на Крстот и, следствено на тоа, толкувањето на Евхаристијата како светотаинство, пред се’, на Голготската жртва.

Да кажеме веднаш дека врската меѓу Тајната вечера и Христовото доброволно страдање, што се наоѓа во темелите на оваа редукција, во Црквата секогаш била несомнена, а за тоа ни сведочи не само целото нејзино литургиско предание, туку првенствено самото Евангелие.

Според Евангелието, Христос намерно ја извршил Тајната вечера пред да пострада (Лука 22, 15) и знаејќи дека дошол Неговиот час (Јован 13, 1).

Својата проштална беседа co учениците, во која им ја дал Својата нова заповед и која ја почнал на вечерата, Тој ја продолжил и ја завршил на патот кон Гетсиманската градина („Станете да си одиме одовде!” Јован 14, 31), така што самото тоа излегување, тргнувањето кон Крстот, ни се јавува како завршување на Тајната вечера. А за таа врска, повторувам, сведочи и самата евхаристиска молитва, што непоколебливо го поврзува споменувањето на Тајната вечера co споменувањето на Крстот.

Значи, не зборуваме за таа врска сама по себе, туку за нејзиното богословско толкување. Го оправдува ли досега кажаното овој пристап кон Евхаристијата што евхаристиското споменување го гледа и го толкува како средство за сакраментално актуелизирање на Голготската жртва?

И правилно ли е сфаќањето што произлегува од овој пристап дека Тајната вечера е чин co кој Христос пред Своето страдање, предвидувајќи ја Својата жртва на Голгота, направил нејзин праобраз востановувајќи нејзина сакраментална „форма” за спасителните плодови на таа жртва постојано да можат да им се предаваат на верните во светотаинството?

Bo светлината на досега кажаното за евхаристискиот опит и „познание” на Тајната вечера не само што можеме, туку и мораме да одговориме одречно на овие две прашања. Тој пристап е неправилен – неправилен до толку што е определен co истото одделување на евхаристиското споменување, co неговото отсекување од целината на свештенодејствието за кое видовме дека е целото насочено кон споменувањето, целото води кон него како кон свој кpaj.

Всушност, целата смисла, целата бесконечна радост на тоа споменување е токму во тоа што тоа ja споменува Тајната вечера не како „средство”, туку како пројава, дури и повеќе од пројава, како присуство и дар на самата цел:

На Царството за кое Бог го создал светот, за кое го повикал и го предопределил човештвото и кое „во последните денови” го пројави во Својот Единороден Син, Царството на љубовта на Отецот за Синот, на љубовта на Синот за Отецот и дарувањето на таа љубов од Светиот Дух на верните:

„Јас сум во нив и Ти си во Мене, за да бидат во се’ едно… та љубовта, co која Me возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив” (Јован 17,23,26).

Затоа и ја нарекуваме Тајната вечера краен настан, затоа што, како објавување на целта, таа е објавување на крајот.

Тој крај, царството Божјо, „не е од овој свет” и co тоа е неовосветско, иако неговото пројавување се врши во „овој свет”.

„Веќе не сум во светот”, вели Христос на Тајната вечера (Јован 17, 11).

И затоа што веќе не е во светот, не е од светот ниту Славата што Тој им ја објавил и им ја дал на Своите ученици таа ноќ на таа трпеза („И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов”, Јован 17, 22).

Co Тајната вечера завршува Христовото служење на земјата, а за тоа сведочи Самиот Христос co Својата проштална беседа и првосвештеничка молитва „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него” (Јован 13, 31);

„Јас Te прославив на земјата, го извршив делото што си Ми го дал да го извршам” (Јован 17,4).

Ho, тогаш, се’ што Христос извршил по Тајната вечера и што по неа го споменува евхаристиската молитва, се открива во оваа молитва и во верата и опитот на Црквата како последица на тоа објавување на Царството, како негова прва, решавачка и спасителна победа во светот и над светот.

Пренесено од книгата “Евхаристија” од Александар Шмеман

Подготви Мина Даниловска