НАЈАВА ЗА КРАЈОТ

Еден ден, no отпустот во црквата, забележав како преподобниот отец е многу замислен. Седеше сам, молчалив, како самотна птица на покрив. Лицето одеднаш му се заруменуваше како ружа, а следниот момент му се помрачуваше. Hajпрвин ce насмевнуваше, а потоа стануваше сериозен. Беше очигледно дека го мачи некое многу важно прашање. Изгледаше како да се советува самиот co себе.

Многу зачуден, бојажливо му пријдов и го запрашав што се случува. He ми одговори веднаш. Кога му го повторив прашањето, полека ги подигна очите, внимателно ме погледна и спокојно рече:

– Да, дете мое… Твојот отец кој го сакаш толку многу… наскоро телесно ќе замине од тебе…

Тие зборови ме погодија како молња. My паднав пред нозете.

– Немој, оче мој, немој да го оставаш своето дете! Ти знаеш дека откако те запознав, не се одвојував од тебе, за да соберам и јас малку благодат и Божја милост покрај тебе.

– Не плаши се, чедо мое – ме смируваше тој. – Ако најдам смелост пред благиот и човекољубив Бог, знај дека наскоро ќе те земам таму каде што ќе се најдам и јас. Но ако не најдам смелост…е, тогаш! Тогаш бори се дете мое, co сета своја сила, за да можеш и твојот отец да го избавиш од геената, и на својата душa да и’ обезбедиш венец на небесна слава.

Се’ уште вознемирен, го запрашав:

– Добро, оче, а како сфати дека ти се ближи крајот? Кажи ми, те молам.

– Од тебе тоа нема да го скријам, сакано чедо мое. Минатата ноќ, откако помина полноќта, кога ja завршив молитвата, задремав. Клекнав и одеднаш ме обзеде сон. Веднаш паднав во божествено видение и се видов себеси како влегувам во некоја палата која блескаше од убавина и скапоценост.

Во средината беше издигнат еден огнен престол кој ги растеруваше небесните зраци. На него спокојно седеше Господ во неискажлива слава, додека околу Hero висеа царски венци. Различни и чудесни благоухани мириси се изливаа отсекаде, донесувајќи радост на небесните сили. Илјадници милиони од нив го опколуваа Господа и милијарди Го служеа…

Старецот ми раскажа за своето видение сиот преобразен и надвор од себеси.

– Потоа, таму каде што стоеше – продолжи тој co своето раскажување – слушнав некој спокоен глас од огнениот престол како зборува:

“Михаиле, Михаиле, покажи му го на нашиот сакан Нифонт местото на неговиот починок.”

Bo тој момент еден огнен столб, голем и страшен, го зел старецот и го однел на некое место каде што се наоѓале безброј палати. Нивната убавина била неискажлива, небесна. Го однеле светителот во една од палатите преку некоја висока капија, чудесно искована од скапоцени камења, која изгледала како да е нематеријална и била осветлена co небесна светлина.

Одеднаш, капијата се отворила, светителот заедно co својот водич, влегол внатре. Каква светлина и какви чудесни мириси го обвиле! Таму им пристапиле многу момчиња облечени во бело.

– Владико Михаиле – му се обратиле на старчевиот водич – до кога ќе го држиш далеку од нас саканиот наш Нифонт кој Бor засекогаш ни го дарува?

– Волјата на Отецот и Синот и Светиот Дух е – одговорил тој – да ви биде даруван за три дена.

Штом тоа го слушнале, скокнале од радост и веселба и почнале да ги извршуваат потребните подготовки.

– Еве, ова е местото на твоето спокојство – му рекол неговиот водич. – Овде те постави благата промисла и неискажливото Божјо човекољубие. Но, ајде да одиме внатре…

Тие влегле во некоја величествена одаја, па уште во една, и уште во една… А сите биле исполнети co чудесна и неискажлива убавина од која очите се восхитувале, а умот се губел – таму имало престоли од светлина, божествени постели, невенливо цвеќе, златноткаена облека, украсени венци co богоосветлени дијаманти! Сето тоа ја надминувало секоја фантазија.

– Ова ти го дарува Христос, бидејќи Го засака и Hero и нас – рекол архангелскиот водич на светителот.

– Еве, имаш украсени престоли co цвеќе, блескава одежда и како перо лесни постели, бидејќи сиот свој живот го помина лежејќи на земја. Твоите очи ќе гледаат знаци и чудеса, разбирливи само на мудрите и оние што знаат да расудуваат. Гледај! Постели и неброени одаи! Сето тоа co сопствени раце ти го подготви Бог!

Светителот погледнал и затреперил! Можел да ужива во сладоста на сите одаи, бидејќи како едната да ја пренесувала сладоста на другата, додека пак радоста на сите нив се собирала во секоја поединечно.

Тие не биле направени од камења, дрво и плоча, туку од божествениот облак и Светиот Дух. И како што сонцето на заоѓање испраќа зраци налик на пожар, така зрачеле и тие одаи.

Штом ја видел таа нереална глетка и ја разбрал нејзината таинствена смисла co помош на архангелот, светителот се разбудил…

– Значи, сега е веќе јасно, дете мое – додаде тој – зашто за три дена одам кај Христа. Но набргу лично ќе дојдам да те земам и тебе, за да бидеш co мене. Затоа не плачи што заминувам.

Подобро е да се радуваш и да се веселиш. Тоа ми го рече и замолче.

Малку no малку, веста се прошири по целата Константијана. Христијаните плачеа и жалеа. Но светителот сите ги успокои co своите совети и поуки.

– Радувајте се – им зборуваше – и потскокнувајте од духовна веселба. Бидејќи сега, кога ќе се најдам пред Бога, ќе Го молам за спасение на сите вас, но, се разбира, само ако и вие одите по патот на благочестието, патот што ви го покажав.

Божественото откровение го извести и архиепископот александриски, Атанасиј Велики – наследник на блажениот Александар (кој веќе се беше упокоил), – за очекуваната смрт на преподобниот. Така тој поита, заедно co многу браќа.

Откако се целиваа, праведникот му рече на архиепископот:

– Зошто владико, толку се намачи заради мене?

– Дојдов, пречесен оче, да ja испратам твојата преподобност. Господ ми откри дека утре патуваш за горниот Ерусалим! Единствено те молам, сети се и на мене, кога ќе се поклониш на Бога и нашиот Отец и сите Негови ангели.

– И ти, дете мое – го замоли преподобниот – кога ќе служиш Божествена Литургија, не заборавај да го спомнуваш и името на грешниот и ништожен Нифонт, секогаш на Бога принесувајќи му молитва за мојата душа.

Ha пoкојникот му се прави големо добро кога го спомнуваат на светата проскомидија. Така, секој кој ќе ми го прави тоа добро и co искрена вера ќе се моли за простување на моите гревови, во моментот на своето заминување од овој живот ќе види како го посетува Божјата помош. Отецот и Синот и Светиот Дух ќе му прекријат мноштво прегрешенија и ќе го повикаат во Царството Небесно.

Бидејќи јас нема да го заборавам на местото на мојот спокој и нема да се смирам додека и него не го донесам кај себе. По тие зборови, светителот замолче.

Пренесено од книгата “Свети Нифонт – подвижник меѓу епископите”

Мина Даниловска