СВЕТИ Трифун, моли го Бог за нас!

„На овој ден Светата Православна Црква го чествува и празникот на светиот маченик Трифун кај нас познат и како заштитник на лозарите бидејќи овој ден по традиција лозарите ги закројуваат своите лозја.

Традицијата со закројувањето само по себе не е лоша бидејќи од светителот се бара молитвено застапништво за побогат род, она што е лошо и што ја растажува целата Црква е тоа што на овој маченик му се дава еден крајно недоличен епитет, кој ни не смееме да помислиме да му го дадеме на било кој човек, а најмалку на светител кој се моли за сите нас. Навистина срамо е да го нарекуваме пијаница.

Никаде и во ниту едно житие не е напишано дека светиот Трифун пиел алкохол, а камо ли да се опива.

Кој пијаница влегол во Царството небесно?

Но, не се задоволуваме само со тоа што погрдно го именуваме светителот, туку и го славиме на недоличен начин – односно на тој ден, во име на светиот Трифун се собираме на седенки и пиеме вино до бессвет мислејки дека му угодуваме на Божјиот угодник.

Ќе речам дека сме полоши од многубошците кои се пијанчеле за време на празниците бидејќи тие не знаеле за Христос и за Неговата спасоносна наука, а ние удирајќи сме во гради дека сме Христови и му служиме …“

( Извадок – Богоподобиe)