СПАСЕНИЕТО НА ЛУЃЕТО ВО СВЕТОТ И НА МОНАСИТЕ

Како се спасуваат луѓето во светот?

Тие се спасуваат co тоа што претрпуваат болести (заради гревовите), co тоа што претрпуваат страдања, клевети, тешки карактери од членовите на нивните семејства и што попуштаат едни на други.

А како се спасуваат монасите?

Преку детската послушност. Co извршување на светите послушанија кои им се дадени, како да го слушаат Самиот Бог и Мајката Божја: совесно, прецизно, и уредно.

Исто така се спасуваат co точно исполнување на молитвеното правило кое им е пропишано, co држење на најстрог пост, co одење во храмот тогаш кога им е одредено, а не тогаш кога самите ќе посакаат.

Се спасуваат co молчење. Се спасуваат така што никого никогаш не осудуваат. Се спасуваат co редовно кажување на Исусовата молитва и почитување на Мајката Божја.

Се спасуваат co чување на заветот за сиромаштво: ништо излишно не чуваат ниту кај себе, ниту во ќелијата, освен она што им е пропишано и што им е неопходно – три пара алишта, три икони и книги, со тоа што ќе ги раздадат пред смртта. Тврд кревет, но co душек.

Постелнина менување еднаш месечно, не почесто.

Потоа, за монахот не е препорачливо да оди во бања заради одржување на чистотата на телото. Но не може секој да се држи до тоа правило, бидејќи постојат организми кои имаат потреба од почесто одење во бања (ако, на пример, се склони кон потење).

Bo општожителствата постојат бањи и сите се мијат, како што е одредено, во сабота пред сеноќното бдение, а потоа заминуваат во ќелиите, пијат чај, се пресоблекуваат и заминуваат на сеноќно бдение, кое во манастирите трае и по 6-7 часа.

Монахот не може да дава милостина, бидејќи тој по заветот на сиромаштво нема вишок работи или пари кои би ги дал; тој всушност воопшто нема пари; ако, пак, добие пари или му испратат некои роднини или некој добротвор, секако треба да го раздели, но само внатре позади манастирските ѕидови, а не надвор, да побара кој од браќата нема ништо, на пример, некој схимник или болен или на некој друг.

Најважно е – послушанието, внимателната и бавна Исусова молитва и молчењето.

За телесните страсти.

Телесните страсти самите постепено ќе се смират ако биде зачуван стремежот кон покајната молитва, како и чувањето на устата, очите и ушите од љубопитност, бидејќи таа пречи на постојаноста.

Чистотата доаѓа постепено, луѓето не стануваат веднаш совршени, треба да се издржат силните удари на помислите и на нечистите желби и не треба да се очајува, туку треба силно да им се спротивставиме co Исусовата молитва co барање помош од Мајката Божја и често посетување на духовникот.

При таква борба се препорачува одење кај духовникот еднаш неделно, и да не е под епитрахил: дојди, пожали се на духовникот или на старецот, a исповедај се во сабота.

Ако co вера се жалите на духовникот за себе, страстите ќе се смират. Кога пак повторно ќе почнат да се бунтуваат – треба повторно да се отиде кај духовникот, како што детето оди кај мајката.

Помислите напаѓаат… треба да се знае дека тие помисли ни се за смирение, за да сфатиме дека не сме во состојба да им се спротивставиме co сопствената сила и сопствените желби, ако нема покајание.

Секоја појава на гревовно осудување, самоувереност, гнев, раздразливост – е појава на гордост. А милосрдието Божјо ни покажува (кога ќе ни биде допуштена таква состојба на слабост), дека без Божјата благодат сме немоќни.

Монашкиот живот е блажен живот. Монашкиот живот не може се спореди co никој друг живот во светот. Тоа се два потполно начини на спасение.

А кога ќе се умртват страстите, може и трет начин на спасение –  јуродство заради Христа. Но дури откако страстите ќе бидат умртвени.

He еднаш не’ имаат прашано: а боготражителното скитање како начин за спасение – дали тоа е полезно или не? Одговорот е еден: тој начин не е спасоносен доколку претставува израз на самоволие и ако за него се нема благослов од искусен духовник старец кој желбата за боготражително скитање добро ја проучил и се уверил дека во човекот се смириле страстите.

Кои страсти?

Гордоста, суетата, блудните страсти, немарноста за спасение.

Задолжително е потполно сиромаштво и рамнодушност кон светот. Дури тогаш овој облик на спасение може да биде од полза и да биде за спасение. Богобарателот нема ниту кров над главата, ниту пари, ниту пасош, ниту било какви лични залихи, па дури ниту облека за пресоблекување.

Одење co денови, недели, години од град во град, од село во село, понекогаш заради Христа ќе најде преноќиште, a сето останато време го поминува во храмот или co сиромашните, чувајќи ја Исусовата молитва и молитвата кон Мајката Божја.“

Пренесено од книгата “Старец Сампсон – Поуки и беседи”

Подготви М. Даниловска