ОКОЛУ ВИДОТ HA СОЛЗИТЕ

Ѓаволот се меша во секое добро дело. Дали знаете за оној троскот наречен лазарка? Таа се фаќа за се што ќе најде на пат: за ограда, за столб, за капија, за дрво, за колец. И ја гледаш само се искачува. Така прави и ѓаволот co секое добро дело, се обвива околу него, за да го направи залуден, повеќе да не биде добро.

Колку голем дар се солзите! Но, ѓаволот и тука донесува искушување. Непријателот дури и во видот на солзите се натрупува, за да ja направи залудна човековата солза при молитвата, да не биде примена при Бога.

Вистинските солзи, кои извираат од љубовта кон Бога, имаат толку голема моќ, вели свети Григориј Богослов, така што изворот на солзи по Крштевањето, е поголем од Крштевањето.

Тој вели: “Го знам и ова крштевање, кое се раѓа од солзите, преку покајанието co солзи и таква моќ има тоа крштевање, што е поголемо од првото. Бидејќи првото Крштевање ги брише гревовите, но не ни дава моќ повеќе да не грешиме.

Само ако би сакале, би можеле да не грешиме, но човековата волја, no Крштевањето, е оставена слободна да одбере: да греши или не. Солзите, пак, по Крштевањето ги бришат и гревовите кои сме ги сториле.

Покајничките солзи се подобри од Крштевањето, бидејќи ги бришат сите гревови кои се сторени од Крштевањето и го оставаат човекот чист.

Постојат повеќе видови солзи. Ако имаш солзи, да внимаваш кои се добри, кои се средни, и кои се од сатаната.

Добри солзи се оние од љубов кон Бога. Тие го хранат човекот, на душата и’ даваат голема радост; ако јаде или не јаде, но ако плаче, тогаш тој е наситен.

Тие солзи ја гаснат и гладта и жедта, и човекот не се лути никому. Неговата душа, на оној што има солзи поради љубовта Божја, постојано се радува, бидејќи има љубов кон Бога.

Да слушнеме што вели светиот апостол Павле: Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се! (Филип. 4,4).

Вториот вид на добри солзи се оние кои доаѓаат од стравот Божји, но тие го исушуваат човекот. Солзите кои се раѓаат од стравот Божји, не го хранат, туку го исушуваат човекот. Значи, најдобри солзи се солзите кои доаѓаат од љубовта кон Бога.

Човекот плаче и постојано “слабее”, бидејќи овој вид солзи се појавуваат поради стравот. Тој се плаши од пеколните маки, се плаши од Бога и поради таа причина постојано плаче и неговото тело слабее, и да јаде и да не јаде и да спие и да не спие. Овие солзи имаат моќ да ја исушат човековата природа како што дрвото се суши на оган, поради одвратноста кон гревот.

Третиот вид на добри солзи се оние кои се раѓаат поради страв од смртта и поради страв од Судот; кога човекот си спомнува што ќе биде на смртта, како ќе се мачи; колку тешко ке се раздели од телото; колку ќе биде тешко на Судниот ден, кога ќе застане пред милиони ангели, за да го прими одговорот, одлуката каде да оди: во добро или во зло, и, да чува Господ, да прими вечна осуда. Значи, и овие солзи се добри.

Постојат и средни солзи, односно природни, кое не се ни добри ни лоши. Ете, гледаме дека мајката плаче за детето, детето плаче за мајката, таткото плаче за синовите, или понекогаш плаче за свој пријател или сопругата плаче за сопругот.

Природни се и солзите поради болест, од страдање и од тага.

Постојат и солзи кои се раѓаат од празна слава. Тие се лоши солзи.

Некој човек има дар на солзи, но плаче за да го видат другите. Но, подобро ќе биде повеќе да не плаче, бидејќи сатаната му ги украл вистинските солзи.

Добро е човекот да го скрие дарот на смиреноста, ако го има од Бога. Но, ѓаволот го поттикнува човекот да плаче, за да го видат другите. Ако, пак, не можеш да ги запреш овие солзи, тогаш не си виновен.

Ако човекот плаче co цел некој да го види, или, пак, му е угодно некој човек да знае дека тој е плачлив, тогаш таквите солзи се од празна слава и лоши, та дури и погубни.

Постојат и солзи кои доаѓаат преку гневот. Гледаш дека некој човек, кога не може да се одмазди на друг, плаче од мака. И толку му е криво што не може да му се одмазди на другиот, така што плаче од огорченост.

Овие, пак, се уште полоши, отколку поради празната слава. Тие се убиствени и зли солзи, бидејќи тој плаче, но срцето му го исцедува сатаната, така што тој рони солзи на омразата.

Тие се многу тешки, многу грешни, сатански солзи.

Други, пак, плачат од разгаленост. Ете, имал некоја врска co некоја жена или co нешто друго и кога ќе се сети за тоа, тој плаче. Тоа, пак, го донесува ѓаволот на расипништвото.

Постојат уште лоши солзи кои се раѓаат поради наштетување. Ете, изгубил човекот пари или куќа; земјата му е одземена и плаче по имотот.

И овие солзи, исто така, се од непријателот, бидејќи човекот смета дека Бог не ќе води грижа за него.

Впрочем, ете колку има видови солзи и сите не се добри. Единствено солзите поради љубовта Божја, од стравот Божји, од стравот од смртта или од пеколните маки, го исчистуваат, осветлуваат и приближуваат човекот до Бога.

Останатите, пак, се или природни или зли, а последниве се солзи за осуда.

Светите отци велат дека злото кое го донесува сатаната се состои во следново: во безумната страст, нерасуден гнев и вообразување или умислување.

Дали сте виделе кое зло е од сатаната и од сите негови слуги? Безумната страст, бидејќи посакале да бидат како Бог; нерасудниот гнев, бидејќи нера зумно итаат некого да убијат, да се одмаздат, да прават зло на секое Божјо создание; и пребрзано вообразување, бидејќи си вообразуваат дека се еднакви co Бога, заборавајќи дека се од Бога создадени.

Пренесено од книгата “Голем е Бог” на Старец Клеопа