СТРАДАЊАТА НА СИТЕ СТАНУВАА „МОИ“…

„…Длабоко беше моето страдање предизвикано од сознанието за краткоста на нашите денови. Но, не бев потполно оставен.

Преку молитвата со неколебливата вера во Христа, постепено ми се соопштуваше Неговата сомилост кон човекот кој пропаѓа.

Со голема болка ја преживував личната погибел, и таа болка ги раскина ѕидовите на моето скаменето срце.

Бев привикнат своето искуство да го пренесувам на целото човештво и страдав со сите луѓе кои се наоѓаа во состојбата на богоодалеченост, слично како мене.

На тој начин, страдањата на сите, стануваа „мои“ и во осаменоста на пустињата, молитвата за целиот свет понекогаш доаѓаше со истиот тој плач како за самиот себе.

Во таа молитва го чувствував Предвечниот Бог како наш Отец.
И ова чувство беше убедливо сведоштво на беспочетноста на Вистината која нам ни ја јавува (соопштува) Христос…“

(пренесено од книгата: Гледање на Лицето Божјо – Архимандрит Софрониј)

M.Д,